Рецепти

Одлична за зајакнување на имунитетот – лута чорба со домати

23. март 2020 - 15:47 | М.С.

Познато е дека лутата храна го зајакнува имунитетот и го топи вишокот килограми, па доколку сте љубители на зачинета и лута храна пробајте го овој рецепт.

Состојки:

2-3 лажици масло

½ главица ситно исецкан кромид

Ловоров лист

500 мл домати

800 мл вода

1 лажичка сол

1 лажичка сушен зеленчук во зачин

½ лажичка црвен пипер

½ лажичка бибер

½ лажичка кафеав шеќер

50 гр. ситни макарони

Начин на подготовка:

На загреано масло испржете ситно исецкан кромид и ловоров лист. Откако кромидот ќе омекне, додајте ги доматите, додајте вода и оставете да зоврие. Во зовриената чорба додајте ги сите останати зачини и промешајте. Додајте ги макароните и варете уште 10 минути додека да омекнат.  

Коментирај