Одличната функција од Android доаѓа и на PC и Apple компјутерите

Google Lens го олеснува пребарувањето на сè на вашиот екран во Chrome, за да можете да пребарувате во видеото што го гледате, слајд во пренос во живо или која било слика.

Функцијата Circle to Search на Google, која користи „помош“ од вештачката интелигенција за пребарување на интернет, дебитираше на почетокот на годината како една од новитетите на серијата Samsung Galaxy S24, а потоа стана достапна и на Pixel телефоните.

Сега конечно пристигна и на компјутерите, преку интернет прелистувачот Chrome. А освен тоа, функцијата е достапна и во рамките на оперативниот систем ChromeOS. Сепак, има една (мала) квака. А можеби и две...

Станува збор за бета верзијата на ChromeOS 127, како и бета верзијата на Chrome 128 за Windows или macOS. Потоа, опцијата Circle to Search, од непознати причини, воопшто не е означена како таква, туку се нарекува Search with Google Lens (Пребарај со Google Lens).

Ако ја користите бета верзијата за ChromeOS, Chrome за Windows или macOS, можете да ја испробате новата опција. Во Chrome, на Windows или macOS, одете во менито со три точки, а потоа изберете Search with Google Lens.

Потоа можете да изберете одредена област на интерес, да ја заокружите и во страничниот панел ќе добиете инстант резултати од пребарувањето. Во ChromeOS, можете едноставно да ја користите иконата на Google Lens во лентата за адреси и ќе го добиете истото.

Во белешките што ја придружуваат бета верзијата на Chrome 128, Google истакнува дека Google Lens го олеснува пребарувањето во Chrome за сè што е прикажано на екранот. Можно е да пребарувате во видеото што го гледате, слајд во пренос во живо или која било слика на веб-страница. Google Lens ќе ги дава одговорите во истиот таб, од каде што е можно да се продолжи со прелистување и пребарување на нови информации од претходното пребарување.

Прашање е на неколку недели пред Chrome 128 за Windows и macOS да биде промовиран на стабилен канал, како што е ChromeOS 127. А кога тоа ќе се случи, сите ќе добијат пристап до Circle to Search во Chrome, без разлика какво име ќе одлучи Google да користи.

Тагови
реклама

Интернет

Instagram тестира нова контроверзна опција

Read more

Голема промена на Facebook и Instagram: Се укинуваат факт-чекерите, корисниците преземаат контрола

Read more

TikTok доби dislike копче

Read more

Илон Маск си го смени името на X

Read more
 

Гик

Шесте најголеми научни измами на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Прв во светот: Huawei претстави смартфон со троен преклоп

Читај повеќе

Научници го анализираа мирисот на египетските мумии и открија дека сè уште мирисаат убаво

Читај повеќе

Анализа: Сите теории за гробот на Александар Македонски, и луди и реални

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск тврди дека го има најпаметниот AI четбот во светот

Читај повеќе

Дали ги чувате старите Nintendo игрици? Може да вредат многу

Читај повеќе

Каде би можело да удри астероидот кој се движи кон Земјата?

Читај повеќе

Историчар тврди дека го открил идентитетот на озлогласениот сериски убиец Џек Мевосек

Читај повеќе

Серијата Samsung Galaxy S24 добива одлична ВИ карактеристика

Читај повеќе