Вонредна мерка

Одлуката за воведување задолжителен ПЦР тест за патување во Грција е привремена

Одлуката за воведување задолжителен ПЦР тест за патување во Грција од сите земји и за сите патници, без разлика дали се вакцинирани или не, е вонредна и привремена мерка за празничниот период со цел да се спречи и контролира ширењето на омикрон сојот на COVID-19 околу празниците, објасни портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому.

Oдговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, тој појасни дека тестотот треба да биде направен 72 часа пред патувањето.

Мерката, како што вчера објави МИА стапува во сила в недела на 19 декември во 6 часот наутро, а иако од Министерството за здравство на Грција беше соопштено дека тестот треба да биде 48 часа сепак, направена е промена и задолжителен е 72 часа пред патувањето.

Со оглед на тоа дека мерката се однесува на сите земји, важи и за туристите од Северна Македонија.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Иконому истакна дека „оние кои ќе доаѓаат во земјата од странство на кој било начин, или авионски или со возила преку копнените граници, дури и да се вакцинирани ќе треба да имаат ПЦР тест не постар од 72 часа“.

– Тоа е вонредна мерка за празничниот период, со апсолутно конкретна филозофија. Колку што можеме повеќе да контролираме и да забавиме поголемо ширење на омикрон сојот, со цел да добиеме време за зголемување на имунизациската покриеност со бустер дозата. Со оглед на тоа што овој период ќе има раздвиженост или од наши сограѓани кои ќе се вратат во земјата за празниците или граѓани кои ќе одат во странство и ќе се вратат, неопходна е мерка што, како што знаете, ја спроведуваат и останатите европски земји, а карактерот ќе биде привремен. Во однос на временскиот период не би сакал од сега да се обврзам со точниот датум на траење, но генерално е за овој период околу празниците, рече Иконому одговарајќи на прашањето на МИА.

Исклучок постои за оние патници кои во земјите од кои доаѓаат престојувале помалку од 48 часа.

Детали околу конкретната мерка, како што е пракса во Грција ќе има во министерската одлука што дополнитлно ќе биде објавен во Службен весник. 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе