Државни и приватни институции во Литванија се најдоа на удар на голем DDOS напад (негирање на услуга), се наведува во соопштението на литванскиот национален Центар за сајбер безбедност, пренесено од тамошното Министерство за одбрана.
„Многу е веројатно таквите или уште посилни напади да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот сектор“, додаваат од Центарот.
Беа нападнати и безбедните мрежи што ги користат овие институции, се додава во соопштението.
Британските медиуми јавуваат дека руската хакерска група Killnet ја презела одговорноста за нападот, објавувајќи дека тоа е одмазда за одлуката на Литванија да го забрани транспортот на руска стока преку нејзината територија до руската ексклава Калининград.
– Нападот ќе продолжи се додека Литванија не ја укине блокадата, изјави портпаролот на Killnet за британските медиуми. „Уништивме 1.652 веб-извори. И тоа е само досега“.
Калининград е поврзан со остатокот од Русија со железница преку Литванија, која е членка на Европската Унија и НАТО.