Одредена бараж-жрепката за пополнување на втората лига

Филип Здравески
/ 25.05.2023 / 11:24

Во просториите на ФФМ денеска се изврши жрепката за баражите за пополнување на втората фудбалска лига.

Архивска фотка; Фото: ФФМ

Во жребувањето учествуваа петте победници на третолигашките групи, како и 13-то пласираната екипа од втората лига.

Фортуната одлучи да се играат следниве натпревари:

Тетекс (13-ти втора лига) - Осогово (победник Исток)
Башкими 1947 (победник Север) - Влазерими Ј (победник Запад)
Вардар Неготино (победник Југ) - Новаци (победник Југозапад)


Во тек е состанок помеѓу шесте клуба, Комисијата за натпревари на ФФМ и Комисијата за безбедност на ФФМ на кои треба да се договорат деталите за баражите. ФФМ дополнително ќе ги објави стадионите на кои в недела ќе се играат натпреварите на неутрален терен. Ќе се игра еден натпревар и доколку по 90 минути игра нема победник, веднаш ќе се шутираат пенали, без продолженија.

Согласно правилата објавени од ФФМ пред почетокот на изминатава сезона, победниците на трите бараж-натпревари ќе се пласираат во втората лига за наредната 2023/2024 сезона. Поразените три потоа ќе влезат во нова жрепка каде ќе бидат извлечени две среќни екипи кои бидат наградени со пласман во втората лига.

Ваквиот начин на доделување пласман без победа во бараж-натпревар буди огромен сомнеж дека жрепката за поразените ќе биде наместена. Кој може да гарантира дека некој клуб нема да биде фаворизиран поради одредени влијанија?

Инаку, кумановскиот клуб Башкими 1947 најави директен пренос од денешната жрепка, но од ФФМ не им доизволиле да снимаат.

„НАЈНОВА ВЕСТ: Не е дозволен пренос во живо, но штом жрепката заврши ќе ги објавиме деталите“, објави ФК Башкими 1947.

За гол второлигашки живот се борат три поранешни прволигаши (Тетекс, Осогово и Башкими 1947), два долгогодишни второлигаши (Новаци и Вардар Нег.), како и еден клуб кој сака да дебитира во втората лига (Влазерими Ј).

Според жрепката, второлигашот Тетекс важи за апсолутен фаворит против Осогово, клуб од Кочани кој, според информациите што доаѓаат од овој град, во последно време тренира со само десетина фудбалери.

Башкими 1947 исто така важи за апсолутен фаворит бидејќи имаше среќа да му падне најслабата екипа во оваа жрепка, кичевски Влазерими Ј, новоформиран клуб кој лесно беше прв во третата лига Запад каде играа едвај 7 екипи.

Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот меѓу неготински Вардар и Новаци од Битолско. Тука е тешко да се одреди кој има повеќе шанси.

Тагови
реклама

Фудбал

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Read more

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more
 

Спорт

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе