Одземени компјутери и вршен распит во Општина Струмица за изборен криминал

Во Општина Струмица, во четврток наутро почнала истрага за изборен поткуп, при што Основното јавно обвинителство за организиран криминал од Струмица влегло во просториите на општината, а од кабинетот на градоначалникот Зоран Заев се одземени два компјутери и распрашувани се десетина вработени во општината.

Едниот од одземените компјутери бил на шефот на кабинетот, а другиот на помошникот за контакти со граѓаните.

Десет луѓе од кои дел се вработени во општината, а други членови и регионални функционери на СДСМ се повикани на разговор од страна на истражителите за организиран криминал, меѓу кои и координаторот на СДСМ за 4-та изборна единица.

Решението по кое се води постапката е за изборни манипулации и поткуп за избори, наводно, како што пишуваат медиумите за првиот круг на претседателските избори во 2014 година. 

Од општина Струмица го потврдуваат настанот, но не дадоа детали, и најавија соопштение за попладне.

„Во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против изборите и гласањето, денеска во Општина Струмица Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи спроведе акција.

 Се прибираат материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на Претседателските и Парламентарните избори во 2014 година. Во денешната акција одземени се два општински компјутери и на разговор се повикани повеќе лица претежно граѓани гласачи“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Прашан за тоа што се случува во Струмица и дали се точни информациите дека обвинителството за организиран криминал влегло во општината зело компјутери распрашувало членови на СДСМ, портпаролот на оваа партија, Петре Шилегов рече дека „денешниот обид на партиските обвинителско – судски структури во Република Македонија, не се ништо друго, туку неуспешен обид на Никола Груевски да избега од сопствениот изборен криминал, од изборниот криминал на неговите соработници. 

„На Никола Груевски му е јасно дека паѓа од власт на следните избори. Тоа ќе му го испорачаат токму граѓаните на Република Македонија на следните избори коишто мора да бидат слободни, фер и демократски“, рече Шилегов.

реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Хроника

Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Read more

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Откриена група што организирала нелегални игри на среќа во Скопје

Read more

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Read more
 

Вести

Затворен сообраќајот на граничниот премин Евзони

Читај повеќе

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Читај повеќе

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку

Читај повеќе

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Читај повеќе
  • play_arrow

Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Читај повеќе

Кои земји направија коалиција против контроверзниот план на ЕУ за Украина?

Читај повеќе

Ким ги пофали војниците од Северна Кореја кои се бореа за Русија

Читај повеќе

Ахмети повика на протест „Јас сум УЧК“ денеска на плоштадот Скендербег во Скопје

Читај повеќе

Продолжува периодот на претежно сончево време, температури до 15°C

Читај повеќе