„Ginny & Georgia“ е најновата сериска драма кој за месец дена ќе ја има својата премиера на Netflix.
Во потрага по поубав живот, тинејџерката Џини, нејзиниот помал брат Остин и нивната мајка Џорџа се преселуваат во нов град во Нова Англија. Но, тајните од минатото на Џорџа можат да ја загрозат нивната иднина.
Серијата е дело на Сара Ламперт, а во главните улоги се Бриан Хауи како Џорџа и Антонија Гентри како 15-годишната Џини.
Десетте епизоди од првата сезона ќе бидат прикажани на Netflix на 24 февруари.