Warner Bros. Pictures го пушти во етер официјалниот трејлер за новиот филм со Анџелина Џоли.
Се работи за нео-вестерн акционен трилер во режија на Тејлор Шеридан и сценарио на триото Мајкл Корита, Чарлс Левит и режисерот Шеридан, а е базирано на истоимениот роман на Корита.
Во главната улога е Анџелина Џоли, а тука се уште и Николас Холт, Фин Литл, Ејден Гилен, Медина Сенгор, Тајлер Пери, Џејк Вебер и Џон Брнтол.
Филмот е најавен да се појави во САД на 14 мај како во кино салите, така и на HBO Max.