Официјален тренинг на „рисовите“ пред соочувањето со Украина
Денешната програма на ЕУРО 2020 ќе биде отворена на стадионот „Арена Национал“ во Букурешт и фудбалерите на Украина и Македонија први ќе истрчаат на теренот, а победникот од денешниот натпревар ќе направи голем чекор кон следната фаза.
Украина го загуби првото коло од Холандија во најдобриот натпревар на УЕРО досега со резултат 3:2, додека Македонија претрпе пораз од Австрија со резултат 3:1. На тој натпревар единствениот гол за Македонците го постигна капитенот Горан Пандев, што воедно беше и прв погодок во историјата на нашата репрезентација на ЕУРО.
Овие две репрезентации играа заедно во групата квалификации за ЕП 2016, а на двата натпревари победата ја однесе репрезентацијата на Украина. На домашен терен забележаа победа од 1:0, додека славеа на гости со 2:0.
На официјалната Facebook страница на Фудбалската репрезентација на Македонија беа објавени фотографии од вчерашниот официјален тренинг на „рисовите“ пред соочувањето со Украина.
Натпреварот се игра од 15 часот.