Останати спортови

Официјално: Браќата Маркез ќе возат за Хонда

18. ноември 2019 - 20:19 |

Тимот Репсол Хонда соопшти дека следната сезона, во Мото ГП шампионатот во мотоциклизам, за нивниот тим ќе возат браќата Марк и Алекс Маркез.

Алекс (23) тргнува по стапките на неговиот брат, кој истотака во Хонда дојде како првак во Мото 2.

Договорот на Алекс Маркез е на една година, па дефинитивно ова ќе биде не само првиот, туку и најсилниот и најтрофеен братски тандем во историјата на овој спорт.

Марк Маркез (26) е осумкратен светски шампион, а годинава клупски колега му беше Хорхе Лоренцо, кој неодамна објави повлекување.

Коментирај