Официјално идентификувано телото на Коби Брајант

Телото на легендарниот кошаркар Коби Брајант денеска е официјално идентификувано меѓу телата на деветте жртви пронајдени во остатоците на хеликоптерот кој се урна во неделата во близина на Лос Анџелес.

Брајант е идентификуван со помош на отисоци од прсти, соопштија патолозите и додадоа дека се идентификувани телата на уште двајца мажи и една жена.

Иследниците работат на идентификување на уште пет тела, меѓу кои е и ќерката на Брајант, Џана, која имаше 13 години.

Иако полицијата официјално сѐ уште нема соопштено, светската јавност од блиските на настраданите беше информирана дека покрај Коби и Џана Брајант, во несреќата загинаа другарката и соиграчка на Џана, Алиса Алтобели (13), нејзиниот татко Џон Алтобели (56) и мајка ѝ Кери Алтобели, кошаркарскиот тренер од училиштето Харбор Деј, каде што учела Џана, Кристина Маузер (38), Пејтон Честер (13) исто така соученичка на Џана, Сара Честер (45) мајка на Пејтон, како и пилотот Ара Зобајан.

Тие биле на пат кон Мамба академијата за кошарка на Брајант, каде требало да се одржи кошаркарски турнир.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе