Ограда од мост падна кај Автокоманда, колони возила останаа заглавени. Ваква е сликата по невремето што попладнево го зафати Скопје.
Граѓаните апелираат да не се користи влезот во Скопје преку Автокоманда бидејќи патот е целосно блoкиран, а градските служби во моментот се на терен.
Истовремено блокирани се надвозници кај Бутел и паднати се дрвја на повеќе места. Поплавени се улици во Чаир, Ченто, кај Пластичарска.
Според првичните информации во повеќе делови од градот дошло до прекин на електричната енергија, а собраниската седница, на која треба да биде избрана новата влада, е прекината откако снема струја во зградата на Парламентот. Во моментов е дадена пауза.
Невреме проследено со силен дожд, град и електрични празнења попладнево ги зафати Скопје и Тетово.