Огромен астероид ќе помине покрај Земјата в петок

Во петок покрај Земјата ќе помине огромен астероид четири пати поголем од позната Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк.

Астероидот ќе прелета покрај нашата планета со брзина од околу 76.000 km/h, а тоа ќе се случи еден месец откако друг огромен астероид помина покрај Земјата со брзина од околу 37.000 km/h.

Иако огромни, овие астероиди сепак се занемарливи во споредба со оној за кој се верува дека удрил во Земјата и предизвикал изумирање на диносаурусите. Сепак, астероидите можат да бидат опасни за човештвото.

Како резултат на тоа НАСА следи повеќе од 29.000 објекти на оддалеченост од 48 милиони километри од орбитата на Земјата. НАСА проценува дека тоа се претежно мали објекти, но астероидот 7335 (1989 JA), кој се движи со брзина од околу 76.000 km/h, е поголем од 99% од нив.

Овој астероид првично беше забележан во 1989 година од опсерваторијата Паломар во Сан Диего. Астероидот припаѓа на класата Аполо, што значи дека орбитира околу Сонцето и ја поминува патеката на секои 861 ден, односно 2 години и 4 месеци.

Земјата има своја орбита што ја следи, така што не е често во орбитата на астероидот. Сепак, на 27 мај двете небесни тела ќе бидат оддалечени 4 милиони километри. Следниот пат ќе се сретнат по 33 години, на 23 јуни 2055 година. Сепак, тогаш астероидот ќе биде оддалечен 27 милиони километри од Земјата.

Без разлика на растојанието, НАСА го класифицираше астероидот 7335 како потенцијално опасен, што значи дека би направил огромна штета доколку ја промени својата траекторија и удри во Земјата.

Луѓето се свесни за опасностите од таквото отстапување и моментално бараат начини да ги пренасочат астероидите.

Минатата година беше објавено дека НАСА ја започнала мисијата ДАРТ за да утврди дали може да ја промени траекторијата на астероидите. Минатиот месец, кинеската Национална вселенска администрација (ЦНСА), исто така, ги откри плановите за одбрана на планетата.

Важно е да се напомене дека ниту една од овие мисии нема за цел да детонира астероид со нуклеарна бомба, како што покажуваат некои холивудски филмови. Наместо тоа, целта е да се открие дали астероидот може да се притисне доволно за да остане надвор од орбитата на Земјата. Само 7 минути може да биде разлика помеѓу блиска средба и катастрофа.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе