Британската фирма Foster +Partners го претстави дизајнот за највисокиот облакодер во Грција наречен Marina Tower.
Станува збор за зграда висока 200 метри дизајнирана за Labmda Developments, во близина на Атина.
Кога ќе биде завршен, облакодерот ќе биде двојно повисок од сегашната највисока градба од 103 метри дизајнирана од Јанис Викелас.
Облакодерот ќе биде прекриен со зеленило, со што ќе стане и првата зелена зграда во земјата.
Ќе има 200 станови на 45 ката, со поглед кон брегот, природно осветлување и природен систем на вентилација. Се планира да биде отворен во следните пет години, заедно со други 5 високи градби.
Сепак, новиот облакодер нема да собори некои меѓународни рекорди бидејќи на пример The Shard во Лондон е висок 309,6 метри.