ОК Вардар: Финансискиот извештај на ОФМ е скандалозен

Клубот Вардар денес излезе со реакција во која ја обвини Одбојкарската федерација на Македонија за поднесување, како што велат, скандалозен финансиски извештај со голем број грешки.

Фото: SportMedia.mk

Во продолжение во целост го објавуваме соопштението на ОК Вардар:

Би сакале да ја информираме македонската јавност, а особено одбојкарските љубители за дел од случувањата на саботното собрание на одбојкарската федерација, посебно за финансискиот извештај кој ни беше доставен неполни 10 часа пред одржување на собранието, со што беа прекршени и одредбите од статутот за свикување на собранието односно прекршен е член 21 согласно кој сите материјали за собранието МОРА да се достават заедно со поканата минимум 8 дена пред одржувањето на собранието, со што се доведува во прашање и легалноста на собранието.

Преку доцна доставениот извештај и ќе можевме да поминеме, доколку беше соодветно изготвен и со точни бројки, но документот од една страна е целосно неточен и со огромен број на грешки. НЕДОЗВОЛИВО за федерација која има буџет од повеќе од 32.000.000 денари.

Кога клубовите ги забележаа недоследностите во финансискиот извештај, едногласно се одлучи истиот да се повлече и да се преработи, а дополнително да се направи и ревизија од реномирана ревизорска куќа. Причините поради кои не им помина финансискиот извештај на собранието се следни:

-Финансискиот извештај даден на членовите на собранието во делот на приходи се разликува за безмалку 1 милион денари со извештајот даден при завршна сметка во Централен регистар.

-Никаде не е наведено по кои основи прима пари федерацијата.

-Не е наведено дали федерацијата има девизни приливи, а мора да има бидејќи средствата добиени од ЦЕВ се исплаќаат на девизна сметка, како и сите средства од сертификатите за македнските играчи кои играат во страство.

-Не е наведено на кои правни субјекти се исплаќаат средствата, за кои лица е исплатено плата и кои клубови добиле поддршка?

-Нема информација кога и кој ги одобрил трошоците на федерацијата и кога е усвоен буџетот.

-Кој клуб платил котизација и колку се долговите на клубовите?

Да напоменеме дека ОК Вардар беше казнет и суспендиран за натпревари за наводен долг спрема федерацијата и моравме за еден ден да исплатиме 600.000 мкд за да не биде суспендирани од првенството, а на казната немаше право на жалба.

Искрено се надеваме дека сите овие недоречености во извештајот се случајни грешки и дека доцното доставување на извештајот до клубовите е поради немање време да се подготви порано, а дека ревизијата ќе докаже дека се работело согласно закон, но за ова мора да ја известиме јавноста бидејќи преголем е бројот на “случајни грешки” кои се случија на собранието, стои во реакцијата на „црвено-црните“.

ОК Вардар до медиумите го доставува финансискиот извештај од Одбојкарска федерација и финансискиот извештај од Централен регистар.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе