СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.
На 15.03.2020 на својот профил на социјална мрежа Facebook објавил фотографии на кои се гледало како со лажно изработена „Стоп“ палка неовластено применувал полициски дејствија – запирање на моторни возила на регионалниот пат Охрид – Кичево.