Ол-стар викендот отворен со кошарка каква што досега не сме виделе, Канингем МВП на турнирот

Ол-стар викендот во НБА започна со кошарка во нов формат откако Rising Star Challenge се играше турнирски.

Младите НБА ѕвезди го отворија Ол-старот, како што налага традицијата, но за првпат не се одигра еден натпревар, туку цел турнир на кој учествуваа четири екипи, а сето тоа е за одбележување на 75-годишнината од НБА лигата.

Четири екипи играа полуфинале и финале, а кошарка во полуфиналето се играше до 50 поени. Финалниот натпревар се одигра така што победи тимот кој прв стигна до 25 поени.

URL

Во финалето се сретнаа екипите Тим Бери и Тим Ајзеја, а на крајот славеше тимот предводен од легендарниот Рик Бери од клупата со резултат 25:20.

Победниците на паркетот ги предводеше Кејд Канингем, кој беше прогласен и за МВП. Во финалето постигна 5 поени, 2 скока и 3 асистенции, а во полуфиналето 13 поени, 5 скока и 6 асистенции.

Во поразениот тим во финалето се истакна Прешас Ачиува, кој постигна дури 12 од 20-те поени на Тим Ајзеја.

Елиминирани во полуфиналето беа Тим Пејтон и Тим Ворти.

Remote video URL
Тагови
реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе