Првата дама на Украина, Олена Зеленска, даде интервју за украинската Rada TV со нејзиниот сопруг Володимир Зеленски.
Ова е само втор пат парот да биде виден заедно од почетокот на војната, бидејќи Зеленска била скриена за своја безбедност.
„Најлошата мака е војната што започна. Не можам да кажам дека нешто значајно се променило од почетокот на оваа војна. Володимир беше и останува сигурен човек. Неговото гледиште не се промени. Нашето семејство, како и сите украински семејства, сега е разделено“, рече Зеленска и додаде:
„Никој нема да ми го одземе сопругот, дури ни војната. Тој живее на работа, едвај го гледаме. Воопшто не сме го виделе два и пол месеци, само разговаравме на телефон. Така досега имавме само неколку шанси да се видиме“.