Преслатко кученце стана популарно на интернет поради неодоливата реакција на неговиот прв работен ден.
На фотографија споделена на Reddit се гледа како лабрадорот се потпира на вработен во обезбедувањето со тажен израз на лицето.
„Неговиот прв ден на работа“, се вели во описот на фотографијата.
Бројни коментатори почнаа да пишуваат дека можат да се идентификуваат со кучето и целосно да го разберат.
„Така сум секој работен ден“, напиша еден корисник.
„Испушти душа уште првиот ден“, се пошегува друг.