Онлајн продажба на билети за Саем на книга 2021

Од денеска, билети за Саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари, информираат организаторите на саемот.

Саемот на книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ „Борис Трајковски“), од 8 до 14 септември.

На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, како и голем број на промоции и саемски попусти.

Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ), Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и поддржан е од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Програмата и распоредот на промоции на новите изданија ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на Саемот на книга 2021, се вели во соопштението на организаторите на саемот.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе