Опасен танц по жица на централните банки

Deutsche Welle; превод: МИА
/ 28.03.2023 / 08:55

Американскиот ФЕД повторно ја зголеми каматната стапка, но тука изгледа е крај. Зашто, колку тоа и да помага во битката против инфлацијата, толку е поголема опасноста повеќе банки и фирми да бидат турнати во пропаст.

„Која ќе биде следната?“, прашува економистот Фолкер Виланд на форумот на ECB и ITS Watchers, одржан на Универзитетот во Франкфурт. Пропаѓањето на Silicon Valley Bank долина можеби има други причини, но општата несигурност ја разниша и Credit Suisse, некогаш поим за банкарска стабилност. 

Сите во преполната сала на Универзитетот очекуваат одговор од онаа која треба да го има: претседателката на Европската централа банка, Кристин Лагард. Секако, таа повторува: европските банки се веќе повеќе пати „прорешетани“ на нивната стабилност и се во добра ситуација. Но, го додава и цитатот на нејзиниот сонародник, Волтер: „Сомнежот не е пријатна претпоставка, но сигурноста е апсурдна“. Од нејзина уста, тоа не е некое празно филозофирање, туку признание дека треба да се биде спремен. Швајцарската банка скапо ја чинеше една попатна забелешка на еден од главните акционери дека „нема веќе да вложува“ во Credit Suisse. Како тоа? Дали е тоа потребно? И стампедото започна, а паниката тешко може да се смири.

Банките се стабилни и солидни, тоа го повторува и нејзиниот колега од онаа страна на Атлантикот, шефот на ФЕД, Џером Пауел. Но, тоа беа и Silicon Valley Bank и Signature Bank, немирно е и на регионално ниво, како кај банката First Republican... Значи, која е следната?

Кога ќе почне паника, нема лек

Монетарните експерти се уверени дека добар дел од вината е во рацете на чуварите на доларот и еврото, значи во централните банки. Зашто, со зголемувањето на референтните каматни стапки ланската година, и курсевите на актуелни акции релативно загубија вредност. Оној кому не му требаат свежи пари за сопствената ликвидност, може да сочека да се смират работите околу банките и да си ги врати сите свои пари. Но, ако започне стампедо на муштериите на нивните влогови, како во Silicon Valley Bank, тогаш хартиите од вредност мора да се продадат по исклучително ниска цена.

Од друга страна, зголемувањето на референтната стапка и каматите за кредити го постигнуваат она што е намерата: секој три пати ќе размисли дали ќе земе кредит и ќе вложи во нов бизнис. Пари во оптек има сѐ помалку, па паѓаат и цените. Челникот на американскиот ФЕД додуша признава дека таа монетарна политика може да води кон помал обем на производство и помала вработеност, но токму тоа е и резултат на несигурноста по пропаѓањето на овие банки. Затоа и додава: „Размерите на овие ефекти се неизвесни“.

И Лагард во Франкфурт го зборуваше истото: вложувањето во бизнис и во недвижности во изминатите три квартали значајно се намалија. „Внимателно ќе се следи“ дали во следните месеци ќе дојде до „трансмисија“, што е еуфемизам за гушење на целиот економски раст. Од друга страна се гледаат знаци дека недовербата во банките доведе до построги одредби за издавање кредити, што всушност е она што и Европската централна банка го сака и го прави со зголемувањето на референтната стапка.

Низ маглата без компас и со обете раце на кормилото

Затоа и Европската централна банка ќе води политика која ќе се усмерува кон реални податоци и ќе биде спремна на дејствување, а со оглед на нашата приоритетна цел, не познава компромиси, вели Лагард. „Приоритетна цел“ притоа е стабилност на цените, односно инфлација максимално до 2%. И Пауел најавува „надгледување на пристигнатите информации“ и дека „ќе се проценува влијанието на монетарната политика“, зашто поаѓа од претпоставката дека ќе бидат потребни уште корекции за инфлацијата да се врати на 2%.

Да ги сублимираме овие крупни зборови на обичен јазик: проаѓаме низ Сцила и Харибда, од една страна инфлација, од друга - неволја на банките и целокупната економија. Некаков јасен и проверен пат нема, туку се управува зависно од тоа колку далеку може да се види во иднината. Насобраните во салата на Универзитетот во Франкфурт оваа недела можеби сакаа да чујат нешто поконкретно. Но, во овие околности тоа е сѐ што централните банки можат да го понудат.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе