Опасно по живот: Егзотична дестинација во која пропадна туризмот

До пред шест месеци, туристите беа опседнати со средноамериканската држава Никарагва, за да ги посетат некои од најпрекрасните плажи на оваа карипска држава, но и да се искачуваат на бројните вулкани, кои се протегаат долж брегот.

Меѓутоа, целото тоа се промени пред само неколку месеци, поточно на 18 април, кога владата најави реформи во пензискиот систем и ги намали примањата за пет отсто.

Реформите ги одобри претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, а протестите започнаа веднаш. Иако на почеток беа прилично мирни, набргу прераснаа во крвави конфликти, во текот на кои досега починаа 300 луѓе.

Луѓето кои живеат во Манагва, главниот град на Никарагва, се сведоци на полициска бруталност и егзекуција среде улица, а штом падне мрак и протестите завршуваат, улиците ги заземаат организирани банди, кои го принудуваат локалното население да се заклучи во своите домови.

Хотелите прекинаа со работа

После револуцијата од деведесеттите, оваа земја беше на добар пат да стане една од главните туристички дестинации за луѓето кои доаѓаат од Јужно Мексико или Костарика.

За жал, поради моменталната ситуација, хотелите во најпопуларната дестинација во Никарагва, се принудени да им ја затворат својата врата на туристите.

Сопственик на еден од тамошните хотели, вели дека не примил ниту еден турист во последните неколку месеци.

„Тоа е многу тажно. Се надеваме дека претседателот ќе си поднесе оставка и дека ситуацијата ќе добие нов епилог. Ова е мирно место, но тажно тоа што сега никој не доаѓа овде. Локалното население повторно почна да оди во риболов и да сади овошје и зеленчук, само за да преживее“, вели тој.

Во Манагва сите хотели престанаа со работа, а за тоа ги известија следбениците на социјалните мрежи, преку многу тажни објави, во кои објаснуваат зошто моментално не можат да примаат резервации.

Од друга страна, Австралија, САД и Велика Британија ги советуваат своите граѓани дека е многу опасно да се патува во Никарагва.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Живот

Како да препознаете патолошки лажго?

Read more

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе