Opel го претстави освежениот Grandland
Компанијата Opel официјално го претстави освежениот Grandland.
Opel во октомври 2020 година го претстави редизајнираниот субкомпактен кросовер Crossland, а сега на ред дојде и моделот Grandland.
Повеќе промени се направени во внатрешноста, автомобилот доби 10-инечн екран чувствителен на допир кој е наменет на инфозабавниот систем.
Засега нема детали за погонот, но на фотографиите се гледа plug-in хибридна верзија. Претходната верзија ја движи 1,6-литарски турбо бензин со два електрични мотори и развива 296 коњски сили и 450 Nm максимален вртежен момент, што значи дека има погон на сите четири тркала.
Повеќе детали се очекуваат во наредните недели, а испораките почнуваат во есен.