Операција Искрено ветување: Иран ѝ се заканува на Америка, Израел наскоро ќе носи одлука – се очекува тешка одмазда

Макфакс
/ 14.04.2024 / 12:19

Иранскиот напад врз Израел со над 300 беспилотни летала, крстаречки и балистички ракети заврши без сериозни последици откако огромното мнозинство од нив беа пресретнати и соборени.

Израелската војска соопшти дека „повеќето“ од беспилотните летала и ракети биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана и „во соработка со стратешките сојузници на Израел пред заканите да стигнат до израелска територија“.

Мал број проектили го погодија Израел во напад на Иран, при што беше повредено едно девојче. Оштетена е и воена инсталација на југ.

Иранската амбасада во ОН соопшти дека со оваа акција одмаздата за нападот може да се смета за целосна. „Во случај израелскиот режим да направи уште една грешка, одговорот на Иран ќе биде многу поостар“, се вели во објавата на иранската мисија во ОН во социјалната мрежа X.

Израелските медиуми, пак, пишуваат дека може да се очекува одговор од Израел. Во текот на утрото беа извршени и жестоки напади од Либан.

Што знаеме досега:
🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до засолништа во случај на напад.
🔵Бајден разговараше со Нетанјаху во врска со иранскиот напад врз Израел.
🔵Борељ: ЕУ силно го осудува иранскиот напад врз Израел.
🔵Нетанјаху: Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме.
🔵Иран предупреди дека неговиот одговор ќе биде „посилен и порешителен“ доколку Израел возврати по нападот.
🔵Јордан и Ирак повторно го отвораат воздушниот простор.
🔵Хамас го нарече нападот на Иран „природно право и заслужен одговор“.
🔵Г7 попладнево ќе одржи состанок за нападите.

„Операцијата 'Искрено ветување' ги исполни очекувањата“

Командантот на иранските вооружени сили рече дека нападот врз Израел „ги постигнал сите негови цели“.

„Операцијата 'Искрено ветување' беше успешно спроведена од вчера вечерта до утринава и ги постигна сите свои цели – изјави на телевизија генералот Мохамад Багери, прецизирајќи дека ниту еден урбан или економски центар не бил цел на ирански беспилотни летала и ракети.

Тој рече дека мета биле две локации – „разузнавачкиот центар кој им ги дал на ционистите потребните информации“ за нападот што го уништи иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, како и „воздухопловната база Новатим, од каде F-35 авиони полетаа“ што бомбардираа.

Овие земји му помогнаа на Израел

САД, Обединетото Кралство, Јордан и Франција му помогнаа на Израел да се одбрани од напад на Иран, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и официјални лица.

„Користеа руска тактика“

BBC пишува дека Иранците веројатно сакале да ја преоптоварат израелската противвоздушна одбрана со евтини беспилотни летала за крстаречките и балистичките ракети да имаат поголема шанса да ги погодат своите цели. Тоа е тактика која веќе е видена во Украина.

Уште една земја на нишан на Иран

Иранските медиуми објавија дека земјата внимателно ги следи потезите на Јордан, кој може да стане следната цел, во случај да му помогне на Израел.

Читајте и: Анализа: Иран ја нарекуваат држава-тврдина, колку е моќна земјата што го нападна Израел?

Тагови
реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Свет

Што донесе краткиот прекин на огнот во Украина?

Read more

Путин нема да присуствува на погребот на папата

Read more

На Трамп му паѓа рејтингот

Read more

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск

Read more
 

Вести

Што донесе краткиот прекин на огнот во Украина?

Читај повеќе

Ќе се гради нов Скопски саем

Читај повеќе

Путин нема да присуствува на погребот на папата

Читај повеќе

2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Читај повеќе

На Трамп му паѓа рејтингот

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск

Читај повеќе

Американските царини за соларни панели од Југоисточна Азија достигнаа 3521%

Читај повеќе

Знамиња со свастики се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Читај повеќе

Јапонија увезе ориз од Јужна Кореја за прв пат по 25 години

Читај повеќе