Орбан: Европа не е во Брисел, Европа сме ние

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се допадне на „уморната бриселска елита“, истакнувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

– Во последните 10 години научивме дека Европа не е во Брисел, рече Орбан во синоќешното годишно обраќање до нацијата.

– Европа сме ние и ние не мора да ѝ се допаднеме на уморната бриселска елита… Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднина на Европа, рече тој.

Орбан изрази задоволство затоа што Унгарија нашла „заедничка основа“ со соседните земји, Хрватска, Словачка, Словенија и Србија и е во позиција со нив да ја прошири соработката и да создава сојузи.

– Историјата повторно им даде можност на народите од Централна Европа да изградат нов сојуз, заснован на нивните национални интереси, кој ќе ни овозможи да се одбраниме од заканите и од Истокот и од Западот, рече Орбан.

Тој оцени дека последната декада се најуспешните 10 години во последните 100 години од историјата на Унгарија, но додаде и дека државата била загрозена со климатски промени, континуиран пад на бројот на населението и заканите за европската економија.

Во годишното обраќање до нацијата, Орбан ги повтори критиките кон оние што ги смета за противници, вклучувајќи го и раководството на Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Орбан, кој се врати на власт во 2010 година кога Унгарија сè уште беше зависна од меѓународна финансиска помош, рече дека неговата влада ги отфрлила барањата за дополнително штедење и се ослободила од кредитите на ММФ за да може послободно да ги спроведува економските политики.

– Да ги слушавме нивните совети, Унгарија сега ќе лежеше во болничко одделение и од нејзините екстремитети ќе висеа цревца со долгови од ММФ и Брисел, а чешмата за долгот ќе беше во рацете на Џорџ Сорос, рече Орбан.

Тој рече дека економскиот раст на Унгарија од 4,9 проценти значително го надминал европскиот просек, но оти земјата сè уште е тесно поврзана со резултатите на европската економија бидејќи 85 проценти од унгарскиот извоз оди во други европски земји.

– Така што нивниот проблем е и наш проблем. Единственото прашање е до кога ќе биде и наш проблем, рече Орбан.

Тој процени дека „европската економија, особено економијата во еврозоната, едноставно запрела“ и додаде дека економскиот раст во Европа во 2020 година ќе биде „во голема мерка микроскопски“.

Во врска со намалувањето на населението, Орбан рече дека економските стимулации на Владата за брачните двојки и големите семејства помогнале, но оти се потребни повеќе мерки.

Тој рече дека бројот на склучени бракови е зголемен, а бројот на разводи и абортуси се намалил, но оти „лошата вест е дека намалувањето на населението не запрело“ и дека „Унгарците и понатаму се загрозен вид“.

Орбан најави политики за помош во животната средина, вклучително и зголемување на пошумените области од 27 проценти, забрана на пластични кеси за еднократна употреба и поттик за употреба на електрични возила.

Тој додаде дека сите градски автобуси кои од 2022 година ќе добијат дозвола, ќе мора да бидат електрични.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе