Орбан ја спореди Европската Унија со Советскиот Сојуз

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го осуди односот на Европската Унија кон неговата земја и Полска на митинг во Будимпешта шест месеци пред претстојните парламентарни избори, споредувајќи ја со Советскиот Сојуз.

„Европската Унија ни зборува и нè третира нас и Полјаците како непријатели“, рече тој на собирот на симпатизери на митингот по повод националниот празник и по повод антисоветското востание од 1956 година.

„На Брисел би му било добро да разбере дека дури и комунистите не успеаја да нè совладаат. Ние сме Давид, а на Голијат би му било подобро да го избегне“, нагласи тој и ја поддржа Варшава во конфликтот со Брисел за независноста на судството и приматот на европското право.

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците во Будимпешта. Учесниците на парадата, од кои некои дојдоа од Полска, вееја полски знамиња и транспаренти на кои пишуваше Брисел = диктатура.

Следува тешка борба

Орбан (58), кој владееше една деценија, се соочува со тежок предизвик откако Петер Марки-Зај (49), конзервативен градоначалник на мал град кој го предводи обединетиот фронт на опозициските партии - од социјалистите, преку либералите, до некогаш сега десноцентристичката партија Јобик што прано беше екстремна десница.

Експертите предвидуваат исклучително тесна борба во април 2022 година, која Орбан ја нема доживеано со години.

И Петер Марки-Зај во Будимпешта собра околу 5.000 луѓе пред кои изјави: „На луѓето им беше доста во 1956 година, и доста им е и сега!“

Орбан ги предупреди гласачите на опасноста од враќање на левицата и нагласи „дека останува само една, без разлика како таа се маскира“ и јавно ја доведе во прашање вмешаноста на Брисел и Вашингтон во изборите.

„Кога ни беше потребна нивната помош, не дојдоа. Сега кога не побаравме ништо, тие се тука“, рече Орбан, алудирајќи на повиците на Унгарците до Западот да им помогнат во 1956 година.

Орбан им кажа на десетици илјади свои поддржувачи во центарот на Будимпешта дека Вашингтон и милијардерот Џорџ Сорос сакаат „нивниот народ“, обединетата левичарска опозиција, да победи на изборите, притоа давајќи ги нивните пари, медиумите и социјалните мрежи.

„Унгарците ќе одлучуваат за својата судбина“

„Но, не е важно што сакаат во Брисел, Вашингтон и во медиумите од надвор. Унгарците ќе одлучуваат за нивната судбина“, рече Орбан во саботата.

„Нашата сила е во нашето единство... Ние веруваме во истите вредности: семејство, народ и силна и независна Унгарија.“

Во исто време, Марки-Зај на митинг на опозицијата рече дека, доколку биде избрана, неговата влада ќе подготви нов Устав, ќе ја сузбие корупцијата, ќе го воведе еврото и ќе ја заштити слободата на медиумите.

„Режимот стана морално неодржлив... моментумот што го имаме сега ќе не однесе на избори во април 2022 година“, рече тој.

Анкетите покажуваат мртва трка меѓу Фидес на Орбан и опозицијата, со една четвртина неопределени гласачи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе