Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Макфакс
/ 14.02.2025 / 12:33

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека претстојните преговори меѓу САД и Русија се за ставање крај на војната во Украина, велејќи дека тоа го сака Унгарија. „Алелуја, ова е она што го сакавме. Ова е она на што се обложуваме“.

„На ова се заснова нашата унгарска стратегија: војната не смее да трае, новиот американски претседател (Доналд Трамп) ќе биде тука, а бидејќи Европејците се неспособни и парализирани, тој ќе го пресече Гордиевиот јазол и ќе направи мир“, изјави Орбан за јавниот сервис, пренесе MTI.

Унгарскиот премиер посочи дека санкциите на ЕУ против Русија секоја година ја чинат Унгарија 6,5 милијарди евра, вкупно 20 милијарди евра.

„Со новиот американски претседател и мир, Русија ќе се реинтегрира во светската економија, што ќе даде огромен поттик на унгарската економија“, рече Орбан.

Орбан додаде дека брзи промени се случуваат во областите миграција, зелени политики, родови прашања, семејство и христијанство, но дека Европа „се спротивставува“.

Како што рече, Унгарија секогаш размислувала во склад со актуелните позиции на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Танјуг.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Свет

Познат договорот на Путин и Трамп, Белата куќа ги откри деталите од разговорот

Read more

Путин ќе побара од Трамп да ги запре сите испораки на оружје за Украина во замена за прекин на огнот

Read more

Сијарто: Унгарската влада беше Трамп пред Трамп

Read more

Трамп ја разгледува опцијата официјално да го признае окупираниот Крим како дел од Русија

Read more
 

Вести

Забрана за летање дронови во Кочани и Штип

Читај повеќе

Со 16 минути молк почна собирот во Скопје за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Тошковски: Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани

Читај повеќе

Познат договорот на Путин и Трамп, Белата куќа ги откри деталите од разговорот

Читај повеќе

Тошковски: Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката

Читај повеќе

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Читај повеќе

Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи во четврток

Читај повеќе

Клековски: Денес стигнува тим од Британија, ќе подготвува рехабилитација за пациентите кога ќе почнат да се враќаат од странство

Читај повеќе

Повик за мирен јавен собир во 18 часот во Скопје во чест на жртвите во Кочани

Читај повеќе