Александар Зверев потврди дека е негативен на коронавирус и истакна дека организаторите на Ролан Гарос знаеле дека тој не се чувствува добро пред почетокот на мечот со Синер.
Зверев, по поразот од Италијанецот Јаник Синер во осминафиналето на Ролан Гарос на новинарите им рече дека не може да диши и дека навистина не му е добро. Неговата изјава предизвика паника бидејќи тоа се симптомите на коронавирус.
Светскиот рекет број 7 потврди дека го добил резултатот од тестот и е негативен.
Читајте следно: Скандал на Ролан Гарос: Зверев играл болен против Синер
„Го добив резултатот, негативен сум. Немам коронавирус“, вели Зверев.
Зверев тврди дека организаторите знаеле за неговата состојба, но организаторите го негираат тоа – тие велат дека Зверев не се консултирал со медицинскиот тим пред мечот со Синер.