Оригиналниот воз Ориент Експрес наскоро ќе се врати во Европа

Како точно се „губи“ воз?

Можеби звучи тешко, но очигледно тоа се случи со Ориент Експрес - или барем 17 од неговите оригинални вагони - сè додека вагоните не беа повторно откриени на зафрлена железничка станица во Полска, во близина на границата со Белорусија. Сега, вагоните се реставрираат во Франција и ќе бидат одново ставени во употреба навреме за Олимпијадата во Париз во 2024 година.

Во 2015 година, францускиот историчар Артур Метал работел за националната железничка служба на Франција, SNCF, кога открил видео на YouTube што го навело да открие 17 од оригиналните вагони на Nostalgie-Istanbul-Orient-Express кои датираат од 20-тите и 30-тите; неколку години подоцна, сопственикот на вагоните се согласи да ги продаде на брендот Orient Express, а во 2018 година беа вратени во Франција. Во вторникот, Accor, компанијата која е сопственик на брендот, објави дека 12-те вагони за спиење, вагонот- ресторан и трите лаунџ вагони ќе бидат вградени во активните услуги меѓу Париз и Истанбул од 2024 година наваму, по темелно реновирање.

Винтиџ вагоните, наводно, сè уште имаат многу од нивните оригинални карактеристики од периодот, вклучително и стаклените панели Lalique, резбаните детали на Morrison and Nelson, како и бројни арт-деко детали. Говорејќи за списанието Travel + Leisure, потпретседателот на Orient Express Гијом де Сен Лагер објасни дека реставраторските работи се одвиваат една година, а архитектот Максим д’Анжик објасни како ќе биде вратен раскошот на вагоните од Позлатеното доба.

„На дизајнерот му беа дадени инструкции навистина да ја најде оваа совршена рамнотежа помеѓу минатото, сегашноста и иднината“, изјави тој за списанието. „Некои гости ќе мислат дека [возот] е направен во 30-тите. Други ќе видат дека тоа е модерна интерпретација, но сакаме да си играме со поимот време и навистина да ја замаглиме границата помеѓу минатото и иднината“.

Првите девет вагони се очекува да бидат откриени во декември, вклучувајќи шест вагони за спиење, ресторан, бар и она што тие го опишуваат како „експериментален салон“, пред последните осум вагони да бидат откриени на скалеста основа до 2024 година. Возот ќе може да се пофали со три варијанти на апартмани, вклучително и претседателски апартман кој ќе зафаќа цел вагон. Вагонот „салон“ ќе биде место за претстави и настани, а како тема ќе има фантастична зимска градина - која Сен Лагер ја карактеризира како намерно стилско оддалечување од остатокот од возот.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе