Осака се повлече од Ролан Гарос поради депресија и ментални проблеми

Со години се бори со депресија и се плаши од јавни настапи, а сега 23-годишната тенисерка Наоми Осака се повлече од Ролан Гарос откако не сакаше да одржи прес-конференција по победата во првото коло.  Поради тоа е казнета со 15.000 долари.

Пред почетокот на турнирот Осака рече дека не сака да разговара со медиумите поради ментални проблеми, но оттаму немаа разбирање за неа па покрај парична казна на тенисерката ѝ се заканија со исфрлање од турнирот.

Освен таа закана, на Осака ѝ порачаа дека во случај ако продолжи со ваков третман кон медиумите ќе биде суспендирана од останатите најголеми турнири.

По заминувањето, Осака на Twitter напиша дека може да земе подолга пауза од настапи и призна дека веќе три години се бори со депресија и анксиозност, што ѝ создава големи проблеми кога мора да зборува јавно пред луѓе.

URL

Им се извини на новинарите и додаде дека за тие проблеми комуницирала со организаторите на Ролан Гарос. Изгледа дека не е најдено заемно решение, па тенисерката се откажа од натпреварувањето во Париз.

Поддршка доби од колешката Серена Вилијамс.

„Имаме различни мислења, сите сме различни. Никој не е ист. Јас малку покрупна, некои луѓе се поситни, различни сме. Мора да ја оставите Наоми да го реши ова на свој начин, како што таа сака. Ако мисли дека вака е најдобро, оставете ја. Сочувствувам со неа и би сакала да ја прегрнам“, порача легендарната Американка.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе