Шампионката на УС Опен, Наоми Осака нема да учествува на претстојниот Ролан Гарос поради повреда на колкот, соопшти таа.
– За жал, годинава нема да можам да учествувам на Ролан Гарос. Мојата повреда е сè уште проблем, така што нема да имам време да се подготвам за земја – овие два турнири овојпат се премногу блиску еден до друг. Им посакувам сè најдобро на организаторите и играчите, рече таа.
Осака влезе на УС Опен со завој откако се повреди на полуфиналниот натпревар против Елизе Мертенс. Таа не се појави на теренот за финалето против Азаренка, но за време на „Флешинг Медоус“ успеа да ја надмине болката за да стигне до титулата во повторување на финалето со Белорусинката, правејќи пресврт за 1-6, 6-3, 6-3.
Организаторите на Ролан Гарос објавија дека го намалуваат дневниот број на гледачи примени на трибините во француската престолнина од 11.500 на 5.000.
Отвореното првенство на Франција започнува на 27 септември.