Ослободување воздух од вагината: Зошто се случува и дали е опасно?

Драги жени, дали ви се случило да почувствувате испуштање млаз воздух од вагиналниот отвор?

Оваа појава, позната како квиф (queef на англиски), може да се случи во прилично незгодни моменти: додека имате секс, на среде час по јога или за време на посета на гинеколог.

Тоа е неволна телесна функција што се јавува кога воздух што влегол во вагината е привремено заробен во вагиналниот канал, а потоа се ослободува.

„Квиф се случува кога пенисот, прстите или сексуалната играчка влегуваат и излегуваат од вагината со втиснување дополнително воздух во неа“, објаснува гинекологот Шери А. Рос.

Но, дури и несексуални активности, како што се ставање тампон или менструална чашка, вежбање јога или вметнување спекулум за време на гинеколошки преглед, може да доведат до ова „испуштање воздух“.

„Според моето искуство, скоро секоја жена доживеала барем една квиф епизода во текот на својот живот, понекогаш дури и за време на гинеколошки преглед“, вели гинекологот Дијана Хоп.

Додека гасот што излегува од вашиот ректум може да има непријатен мирис (резултат на бактериска активност во цревата), вагиналниот воздух нема мирис, додава докторката.

Може ли да се спречи?

Најкраткиот можен одговор би бил - не.

Жените кои претходно родиле се особено склони кон ослободување воздух од вагината, бидејќи бременоста и породувањето може да ги ослабнат карличните мускули. Со зајакнување на тие мускули со Кегелови вежби можеби ќе можете да ја намалите веројатноста за појава на квиф епизоди, вели Хоп.

Таа исто така објаснува зошто жените главно се чувствуваат непријатно кога испуштаат воздух од вагината.

„Стигмата е резултат на неразбирање на разликата помеѓу квиф и испуштање гасови“, вели таа:

„Звуците можат да бидат исти, меѓутоа, културно може да има стигма или непријатност заради она што се случува таму долу“.

Сексуалната терапевтка Ванеса Марин го истакна фактот дека квиф епизодите се нормални и вообичаени и дека нема простор за засраменост.

„Нашите тела понекогаш испуштаат смешни звуци и тоа е во ред“, вели таа.

Дали има причина за загриженост?

Во принцип, не е за што треба да сте загрижени. Но, иако тоа е ретко, ако испуштањето воздух од вагината е придружено со болка или непријатен мирис, треба да закажете преглед кај вашиот гинеколог за да исклучите посериозни проблеми.

„Ако квиф епизодата е придружена со непријатен мирис, тоа може да биде индикација за вагинална инфекција или можна фистула, абнормална врска помеѓу ректумот и вагината како резултат на претходно зрачење или операција што предизвикува излегување измет од вагината“, објаснува Хоп.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more
 

Магазин

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе