Османи: Како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ

Минатата година беше историска, затоа што добивме членство во НАТО и одлука за почеток на преговори со ЕУ. Годинава е многу важна, бидејќи го добивме претседателството во ОБСЕ, станавме членка на Организацијата за црноморска економска соработка, позната по кратенката БСЕК, како 13-та членка и други сериозни надворешно-политички постигнувања. За жал се уште не успеавме да ја операционализираме политичката одлука за почеток на преговори поради прашањето кое го покренува Бугарија и поради внатрешната политичка состојба во таа земја на која не можеме да влијаеме. Но, и покрај тоа покажавме конструктивност.

Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој рече дека општа е поценката на меѓународната заедница дека ние се однесувавме достоинствено, европски и конструктивно во овој нерационален спор и ние продолжуваме така да се однесуваме, бидејќи на тој начин ќе ги имаме пријателите на наша страна и нашите аргументи ќе бидат слушнати подобро.

Затоа, посочи, на Самитот во јуни имавме едногласна поддршка од 26 земји-членки.

– Ние знаеме дека овој пат поминува низ Софија и продолжуваме со комуникацијата. Се видов со министерот во Киев, имавме подолг разговор, се слушнавме на телефон во петокот уште еднаш, се договоривме да имаме продолжување на средбите на експертско ниво свесни дека без политичка влада во Бугарија никој неможе да предвиди дали ќе може да има одлука меѓутоа се договоривме, јас побарав да продолжи комуникацијата за да се обидеме одредени разлики да ги надминеме во меѓувреме. Тоа што ми е задоволство што словенечкото претседателство е активно и продолжуваат да работат заедно со Европската комисија и се надевам дека тоа ќе вроди со плод. Самитот е на 6 октомври, Советот на Европската Унија за општи работи – ГАК е на крајот на септември, истакна Османи.

Изгледите поради политичката состојба во Бугарија, посочи, никој не може да ги предвиди.

– Задоволство ми е кога гледам како Словенците се активни, како ЕУ, ние сме исто исто така активни. Што е до нас ќе направиме се што треба во рамки на позициите на државата. Дваесет и шест земји-членки на ЕУ сметаат дека ние се однесуваме конструктивно, достоинствено и не охрабруваат да продолжиме по тој пат активно да работиме за да изнајдеме решение. Тоа ќе продолжиме да го направиме независно од дневно политичката агенда. Тоа можам да кажам како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ. Значи прашањето не е дали туку кога, додаде Османи, одговарајќи на новинарски прашања по брифингот по повод првата архивска изложба на МНР насловена „30 години независност - ретроспектива на надворешната политика”.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе