Османи: Ниту една рестриктивна мерка не е подобра од личната свест

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Она што го научивме од вирусот е дека ниту една колективна или рестриктивна мерка не е подобра од личната свест и личната заштита на граѓаните. Само доколку секој се грижи за своето здравје и здравјето на своите најблиски, преку многу лесни мерки – носење маска е најлесната мерка што може секој да ја преземе, личната хигиена и однесувањето, се единсвениот начин да се заштитиме. Колективните мерки очигледно не ги даваат резултатите. Овие случаи, овој пик денеска, е резултат на зараза во текот на полицискиот час.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, во кругот на Градската општа болница „8 Септември“, ги предаде во употреба респираторите кои како донација ги обезбеди Норвешка.

Тој повтори дека за спречување на ширењето на COVID-19 се најважни борбата против лажните вести и конспиративните теории, сфаќање сериозно на последиците од болеста и личната заштита и однесување.

– Во главниот Кризен штаб денеска ги разгледавме сите бројки и причини за зголемениот број новозаразени. Поголемиот дел од новозаразените се во рамки на неколку семејства, односно познати кластери, но бројките сепак се загрижувачки и трендот е загрижувачки кај 20 проценти од вкупниот број на тестирани. Така што Комисијата ги прави анализите дали тоа е резултат на непочитување на личните мерки на заштита или постојат и други причини, рече Османи.

Вицепремиерот повтори дека пандемијата е сѐ уште присутна, а вирусот е опасен, отфрлајќи ги сите конспиративни теории на заговор што се шират во овој период, кои, како што рече, се обидуваат да ја намалат важноста на пандемијата и последиците што ги причинува вирусот.

– Само доколку сите се однесуваме како да сме позитивни во однос на Ковид и ако контактираме со секој човек како да е позитивен, тоа е најдобриот начин како да се заштитиме. Ниту една колективна мерка, ниту еден полицаец не може да не контролира како се однесуваме дома или на работа. Единствениот начин е да сфатиме дека ова е сериозна болест која убива, дека со нашето однесување ги убиваме најблиските, рече Османи.

Тој потсети дека научните истражувања покажуваат оти носењето маска до 80 отсто ја намалува трансмисијата на болеста и оти многу малку е потребно за да се спречи оваа нагорна крива на заразата.

Османи изрази благодарност од име на Владата до Норвешката амбасада и до норвешката држава што, како што рече, направи напори овој период и покрај ограничениот пазар и испрекинатиот синџир на транспорт, да обезбеди 20 апарати за кислородна поддршка што ги дистрибуираме во општата болница „8 Септември“, дел тука, дел во другите болници низ државата, а со цел да се помогнат најтешките пациенти заразени со COVID-19.

Тој најави дека во наредните денови ќе пристигнат нови донации од Естонија и Бугарија, со цел да се помогне на здравствениот систем во услови кога солидарноста претставува најважниот фактор во справување со пандемијата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе