Османи: Очекуваме до октомври да биде прифатен финалниот текст на преговарачката рамка

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Европската комисија го заклучи текстот на преговарачката рамка и го предаде на Советот на ЕУ. Ова е само нацрт верзија и моето очекување е до октомври да биде прифатен финалниот текст. Добро е што ова се случува во време нБуа германското претседателство кои се големи поддржувачи на нашиот европски пат, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на прес – конференција пред Секретаријатот за европски прашања.

Се работи за нацрт верзија, посочи Османи, што е основа врз која земјите членки ќе ги изнесат своите национални позиции и потоа рамката ќе се носи со консензус.

– Со тоа ќе се добие финалната позиција на ЕУ за содржината на преговарачаката рамка, по што ќе може да се закаже и првата меѓувладина седница, што претставува и формален старт на преговорите за полноправно членство во унијата, истакна Османи.

Османи, појасни дека со новите механизми на преговарачкиот процес, брзината и напредокот ќе зависи од самите нас, како и дека ЕК ќе има механизами да го препознае и намали пристапот до ЕУ фондовите доколку има застој.

– Очекувано како услови за напредок се Копенхашките критериуми, но исто така и регионалната соработка и добрососедските односи. Во драфт рамката директно се посочени билатералните договори со Грција и Бугарија, за кои се очекува видливи резултати при нивната имплементација, изјави Османи.

Согласно новата методологија како особено важни Османи ги посочи трите клаузули – суспензивната клаузула, клаузулата за дисбаланс и клаузулата за реверзибилност.

– Со овие нови инструменти во текот на преговорите на ЕУ и се става можност доколку се констатира дека земјата не напредува во преговорите со задоволително темпо, стагнира или назадува да го стопира процесот на преговори, да го врати повторно назад преку враќање на некои веќе поминати бенџмаркови, па дури и да отвори веќе затворени поглавја или кластери. Прецизно овие т.н. казнени инструменти или клаузули, Европската комисија ќе може да ги активира по свое видување или на барање на една земја членка. Европскиот совет може да го одбие само со реверзно квалификувано мнозинство, што значи дека најмалку две третини од земјите треба да бидат против активирање на овој казнен механизам за да не се прифати предлогот на Комисијата или на една земја членка, појасни Османи.

Предвидено е, нагласи Османи кластерот фундаменти, каде покрај клучните поглавја 23 и 24 сега се додадени економските критериуми, јавните набавки, функционалност на демократските институции и реформата на јавната администрацији, да се отвори прв, а да се затвори последен.

– Доколку нема адекватен напредок во првиот кластер во фундаменти, нема да може да се напредува и во другите кластери и во другите поглавја. Соодветно на напредокот и исполнувањето на критериумите за членство предвидени се награди или казни во форма на зголемување или намалување до пристапот на средствата на фондовите, но и до политиките на ЕУ. Тоа значи доколку се констатира назадување под ризик доаѓа и големината на ИПА средствата кои се ставаат на земјата на располагање, но и обратно во случај на значителен напредок во преговорите на земјата и се дозволува поблиска интеграција со Унијата т.н. фазно или парцијално пристапување до политиките и програмите на ЕУ, зголемување на фондовите и инвестициите на Унијата во земјата, изјави Османи.

На крајот, Османи уште еднаш упати честитки за постигнатиот историски успех.

– Јасно е дека ЕУ и покрај предизвиците со корона кризата не го замрзна процесот на проширување. Честитки и благодарност до еврокомесарот Оливер Вархеји и претседателката Урсула фон дер Лајен, но и на исклучително успешното хрватско претседателство. Ние сме во средина на политичка кампања и се надевам дека по 15 јули ќе имаме стабилен политички распоред и фер политички пристап од сите чинители кон европските интеграции, истакна Османи.

Прашан дали договорот со Бугарија е во посебно поглавје, Османи рече дека во овој предлог текст го нема во посебно поглавје, туку е ставен заедно со Копенхашките критерируми и со обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, кои што ќе бидат како основни предуслови на кои ќе се дефинира целиот преговарачки процес.

– Задоволни сме од неутралноста на комисијата по однос на различните позиции, вклучувајќи го и прашањето на договорите со соседите. Апсолутно, ниту очекувавме дека нема да бидат тука договорите со соседите, бидејќи сме свесни дека потпишавме договор и сме преземале обврски, кои што ни беа услов за започнување на преговорите и ќе ни бидат услов и понатаму во процесот на напредување во преговорите, изјави Османи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе