Османи: Во разговорите со Бугарија нашите позиции се апсолутно унисони

Продолжуваат разговорите со Бугарија за отворените политички прашања, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој денеска на средба со новинарите ја најави посетата на неговата колешка министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска на 23 и 24 март во Скопје.

Османи потенцира дека ние сме апсолутно усогласени во ставовите и во позициите согласно резолуцијата на Собранието и без никакви разлики во овој процес.

Тој информираше дека на Дипломатскиот форум во Анталија имал средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, со кого разговарале за случувањата во Украина, ангажманите на двете држави визави војната таму, но најголемиот дел од средбата се осврнале на нашите политички разговори и отворените прашања.

– Разговаравме за сите точки, констатиравме дека навистина треба да се донесат одлучни одлуки во овој период заради тоа што очигледно прашањето на европското проширување станува сериозно безбедносно прашање за регионот и за ЕУ и секоја земја-членка има одговорност кон безбедноста на регионот, но и кон безбедноста на целиот континент. Значи, веќе не е прашање само на кредибилитетот на ЕУ, туку е безбедноста на регионот и ова се сведува во оваа ситуација пред сѐ на европска безбедност, процесот на проширување односно комплетирање на ЕУ, рече Османи.

Тој подвлече дека сѐ уште постојат разлики, меѓутоа се обидуваме да дојдеме до погледи коишто може да бидат прифатливи за двете страни.

Прашан дали имаме спротивставени ставови во однос на позициите во Скопје меѓу МНР и експертите и меѓу МНР и Владата, Османи категорично го демантираше тоа. Коментирајќи текст објавен вчера, тој додаде дека е некоректно текстот да се прикаже поинаку, бидејќи вели, во него се зборуваше за разликите во Бугарија, помеѓу бугарското МНР и нивната Влада, а не кај нас.

– Значи немаше таква инсинуација дека има разлика кај нас, туку заради некој записник од Брисел се констатираше дека има разлики меѓу нивното МНР и другите чинители во коишто јас нема да се мешам, бидејќи тоа се внатрешни односи таму, ние разговараме со бугарската Влада. Ние немаме апсолутно никакви разлики, ниту експертите во МНР, ниту јас како политичко раководство на МНР, ниту премиерот. Сите сме во постојана координација, вчера имавме една долга средба за координирање, денеска попладне ќе имам повторно средба за координирање. Значи ние сме апсолутно унисони и во ставовите, во позициите без никакви разлики во овој процес, што навистина ми е задоволство, бидејќи во таква атмосфера се работи многу полесно, дециден е Османи.

Тој вели дека нема впечаток оти има различни ставови во Бугарија, разговаравме за таа динамика која е предвидена до јуни, согласно работните групи, согласно политичкиот процес, во која форма би можело да се надмине, кога и како.

– Тоа се главните три прашања – како, кога и на кој начин. Сѐ уште сме во различни позиции по однос на трите прашања, но фактот што се сретнуваме толку често е предуслов да може да се успее. Ние сме унисони и функционираме во рамки на нашата Резолуција на нашиот Парламент. Се разбира, и во Република Бугарија ги имаат своите ставови, но гледам волја во двете страни да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Веројатно ќе има понатаму и средба на највисоко политичко ниво. Битно е континуирано да разговараме отворено. Тоа што го имаме сега е дека разговараме отворено, секој претставувајќи ги своите позиции. Не можам да навлезам во детали во оваа фаза, посочува шефот на дипломатијата.

Во однос на посетата на Скопје на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жузеп Борељ, Османи оцени дека е таа е исклучително важна, прва на високиот претставник и тоа почнува со Северна Македонија што вели, е порака сама за себе, бидејќи го споменува Западен Балкан во контекст на овие случувања во Украина и со тоа го подига вниманието на светската јавност за тоа дека регионот е оставен ранливо подрачје каде што мора да се дадат јасни и прецизни пораки.

– Се разбира, неговото портфолио не е проширувањето. Тој е висок претставник за надворешна и безбедносна политика, а проширувањето е внатрешна политика на ЕУ и за тоа има посебен комесар, тоа е комесарот Вархеји. Меѓутоа, мислам дека пораката на неговото доаѓање вчера тука како прва дестинација, фактот што Република Северна Македонија постигна стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и тој дојде лично да ја поздрави таа одлучност на државата и сега станавме едно симболично трио на 100% кандидати, бидејќи сега Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се трите држави во регионот коишто имаат стопроцентно усогласување на надворешната политика со таа на ЕУ и некако го регрупира и регионот по однос на перспективата за ЕУ, вели Османи.

Тој потсети дека бугарскиот премиер Петков информира дека Борељ од Скопје се слушнал и со него и смета дека тоа е обид да се помогне.

На прашањето дали ситуацијата во Украина ќе ни помогне или одмогне во донесување евентуална одлука во јуни за старт на преговорите со ЕУ, Османи истакна дека во моментов првостепено е прашањето на Украина каде гинат луѓе, а земјава не е во фаза на убедување на Унијата, бидејќи ние имаме поддршка од 26 земји-членки, а единствено имаме разлики со Бугарија која бара гаранции за имплементација на Договорот од 2017 година.

– Состојбата во Украина покажа дека времето за калкулации за популарноста на темата проширување во земјите-членки станува апсолутно веќе неважно. Ова е прашање на безбедносно консолидирање на ЕУ. Ние сме на портите на Унијата, а чуварите на портите треба да бидат најбезбедните за да го зачуваат домот од малигни влијанија, нелегална миграција, тероризам… Портата е тука на Балканот и доколку оставаат портата да биде небезбедна, нема да биде безбеден ни дворот, ни домот. Сега тие сфаќаат колку е важен овој регион за безбедносната консолидација. Во тој контекст сметам дека свесноста е поголема. Дали ќе помогне, дали тоа ќе помогне во Бугарија, не можам да кажам, но ќе покаже времето, порача шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе