Осогово доби голгетер, Ацо Стојков пристигна во Кочани

Филип Здравески
/ 10.09.2019 / 09:34

Конечно вистинско засилување за кочанчани, искусниот голгетер и поранешен репрезентативец Ацо Стојков потпиша со повратникот во второлигашката конкуренција.

Осогово се чини го донесе најголемото засилување по завршувањето на летниот преоден рок. И тоа токму во нападот каде тимот се мачи со најважното, постигнувањето на голови.

Искусниот голгетер е веќе во Кочани каде доаѓа како слободен играч откако не го продолжи договорот со Академија Пандев чиј член беше минатата сезона. Иако 36 годишен, Стојков се очекува да го размрда заспаниот и неискусен напад на Осогово кој тотално потфрли во првите три кола од новото првенство успевајќи да постигне само еден гол.

Кочанчани одамна немале толку звучно име во својот миленик, Стојков во својата богата кариера играше за младинците на Интер, потоа Специја, Кастел ди Сангро, ФиделисАндрија, Гурњик, Ла Лувр, Партизан, Дебрецен, Њиреѓхаза, Аарау, Зоб Ахан, Ботошани, Скндербеу, Работнички, Вардар и Академија Пандев. Тоа се клубови од Италија, Полска, Белгија, Србија, Унгарија, Швајцарија, Иран, Романија, Албанија и Македонија.

Стојков порано беше и стандарден репрезентативец играјќи 42 натпревара со 5 постигнати голови. Првиот гол во новиот дрес ќе го брка в недела во Пехчево кога Осогово му гостува на Кит-Го.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе