Осум отсто од Белгијците размислувале за самоубиство во последните три месеци

Институтот за јавно здравје на Белгија ги мери и психолошките последици од здравствената криза и рестриктивните мерки врз населението, азаклучоците се загрижувачки, јави дописничката на МИА од Брисел.

Осум отсто од луѓето „сериозно“ размислувале да посегнат по сопствениот живот во последните три месеци, а 0,4 отсто се обиделе да се самоубијат, открива студијата на Институтот, објавена денеска.

Анкетата се спровела од 28 мај до 3 јуни врз примерок од 34 илјади луѓе.

Институтот заклучува дека социоекономските импликации од кризата имале најголемо влијание врз населението. Па така, 22 отсто од населението бележи влошување на својата финансиска состојба од почетокот на кризата, а со најголеми тешкотии за плаќање фактури се соочиле самохраните родители привремено невработени.

Секој десетти Белгиец стравувал да остане без храна, исто толкав број не можеле да си дозволат здрава исхрана, а 5 отсто од населението навистина се соочило со недостиг на храна.

Од анксиозност и депресија се најпогодени луѓето кои живеат сами и самохраните родители.

Центрите за превенција на самоубиство не забележале различен профил на луѓе, но зголемен е бројот на повици на бесплатните броеви за психолошка помош. Психолозите и психотерапевтите констатирале исто така поголеми суицидни тенденции кај своите пациенти.

– Кревкоста на безбедносните системи, банкроти, губење работи, светот што се менува, сето тоа може да предизвика неизвесност, анксиозност и страв од колективна или лична пропаст, порачуваат од Центарот за превенција на самоубиства.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе