На државното првенство во спортска гимнастика кое се одржа во Битола на 8-ми и 9-ти јуни учествуваа преку 200 гимнастичари/ки кои се натпреваруваа во А и Б лига во сите категории. Павел Наков со штотуку наполнети 8 години освои прво место во A лига категорија помлади пионери и стана државен првак во спортска гимнастика.
Талентот, истрајноста, дисципнината и најбитното љубовта кон овој спорт беа пресудни за успехот на Павел Наков. Уште од најрана возраст ( 6 години ), Павел самостојно покажал интерес и иницијатива да тренира гимнастика , а идејата му дошла гледајќи видеа на Youtube со деца гимнастичари. Родителите му ја исполниле неговата желба го запишале во клубот КГС ПАРТИЗАН Орце Николов Скопје.
Благодарение на професионалноста и посветеноста на тренерите Петар Стојановски и Ангел
Наумовски кои и покрај условите во салата (кои не беа како видеата на youtube ) го мотивирале со што напредувал и се вљубувал се повеќе и повеќе во гимнастиката. Уште на неговиот прв државен натпревар со неполни 7 години влезе во поелтината А лига на гимнастиката.
Павел има учествувано и на меѓународен натпревар во Благоевград ноември 2023 година каде покажа солидни резултати , што е доказ за неговиот потенцијал кој го поседува. Исто така на
пријателскиот натпревар меѓу клубовите од Битола и Скопје во декември 2023 година освои прво место.
Големиот интерес на пријавени учесници на државниот натпреварво Битола е доказ дека
гимнастиката се движи кон одличен правец односно не е заборавена од најбитната категорија
младите спортски надежи - децата (како потврда на ова е учеството на Македонија на Европското првенство 2024 кое се одржа во Римини).