Осврт на „Музеј на невиноста“ од Орхан Памук
Александар, веќе познат како Читачот, прави видео-осврт на популарниот роман „Музеј на невиноста“ од турскиот писател Орхан Памук.
Под оригиналниот наслов „Masumiyet Müzesi“ романот излезе на 29 август 2008 година. Во Македонија излегува во 2013 во превод на Ѓулнихал Исмаил во издание на Табернакул.
Приказната ја следи љубовта на оженетиот бизнисмен Кемал и сиромашната Фусун, негова далечна роднина. Дејството е сместено во Истанбул помеѓу 70-тите и 80-тите години од минатиот век.