УЕФА ЕУРО 2020

Откриен автобусот кој фудбалерите ќе го користат на ЕУРО

Филип Здравески
/ 29.03.2021 / 15:01

Фудбалската федерација на Македонија објави фотографии од новиот брендиран автобус со кој ќе се возат македонските фудбалери за време на историскиот настап на претстојното Европско првенство.

Со брендиран црвен автобус репрезентацијата на Македонија ќе се вози низ улиците на Букурешт и Амстердам во јуни.

ФФМ го откри срецијално дизајнираниот автобус на кој преовладува црвената боја, додека со жолта се амблемот на ФФМ, пораката „Сега е наше време“, како и животно кое наликува на трансформер.

Како што претпоставивме, а ни потврдија и од Федерација, всушност се работи за рис, животно кое веќе неколку години е заштитен знак на фудбалската репрезентација чиј прекар ѝ е „Рисови“.

Идејата е убава, но реализацијата, според нашето мислење, е многу лоша. Автобусот е супер, освен делот со рисот кој воопшто не личи на рис, дизајнот е ужасен и повеќе наликува на некој лик од популарните Трансформери.

Но, добро, прв пат играме на големо натпреварување па и немаме искуство со вакви работи. Искрено се надеваме дека овој крајно лошо дизајниран рис нема да го стават и на новите дресови кои ги најавија, а за кои веќе почнаа да се шират шпекулации по социјалните мрежи за тоа како ќе изгледа.

Фото: ФФМ

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе