Откриена најголемата бактерија на светот, видлива е со голо око

Научниците ја пронајдоа најголемата бактерија на светот во мочуриште во Гвадалупе - таа е во форма на бели влакна и со големина на човечка трепка.

Организмот наречен Thiomargarita magnifica е долг 1 сантиметар и е 50 пати поголем од другите големи бактерии. Ова е првата бактерија видлива со голо око. Тенки бели влакна беа пронајдени на површината на листовите од мангрови кои се распаѓаат во плитко тропско мочуриште.

Откритието е изненадувачко, бидејќи според моделите на клеточниот метаболизам бактериите не би требало да бидат толку големи. Бактеријата ја открил Оливје Грос, професор по морска биологија на Универзитетот Антилис во Гвадалупе. Се случило додека трагал по симбиотски бактерии во екосистемот на мангровите.

„Кога ги видов, си помислив: чудно“, рече Грос.

По внимателна проверка било откриено дека има чудна внатрешна структура. Додека кај повеќето бактерии ДНК слободно лебди во клетката, кај оваа бактерија ДНК е врзана за клеточната мембрана. Исто така, било откриено дека содржи трипати повеќе гени од повеќето бактерии, како и стотици илјади копии од геномот распространети низ секоја клетка, што ја прави невообичаено сложена.

На научниците не им е јасно како оваа бактерија станала толку голема. Една од можните причини за тоа е што на овој начин се приспособила да ги избегнува предаторите.

На други локации не се пронајдени такви бактерии. Откако истражувачите се вратиле на локацијата каде ја пронашле оваа бактерија, таа повеќе ја немало. Се претпоставува дека причината за нејзиното исчезнување е тоа што се работи за сезонски организам, пишува весникот The Guardian.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе