Откриени алги кои имаат три различни пола: машки, женски и „бисексуалци“

Научниците долго време веруваа дека експлозијата на развој на алги пред стотици милиони години всушност ја овозможила еволуцијата на целиот човечки и животински свет. И сега открија дека алгите можат да ни помогнат да ја разбереме еволуцијата на половите.

Експертите од Универзитетот во Токио и голем број други јапонски универзитети открија дека видовите зелени алги Pleodorina starrii имаат три различни пола - машки, женски и трет пол, кои тимот ги нарече „бисексуалци“. Ова е првпат да се открие вид алги кои имаат три различни пола.

Алги е име за широка група на различни, претежно водни, фотосинтетски автотрофни организми (од едноклеточни до повеќеклеточни) кои личат на растенија кои користат фотосинтеза за да добијат енергија. Овие не се растенија затоа што немаат многу својства на растенијата; тие не се бактерии, ниту габи.

Размножување на алгите

Бидејќи алгите се толку голема, разновидна група на организми, има многу варијации во начинот на нивното размножување, но генерално гледано можеме да кажеме дека алгите можат да се размножуваат асексуално (со клонирање) или сексуално; односно хаплоидно (со еден сет на хромозоми) или диплоидно (со два сета).

Имаме и хермафродитни алги кои можат да го променат полот во зависност од ексресијата на генот. Тогаш велиме дека тоа е организам со три пола каде едниот е хермафродит, односно променлив, пишува Science Alert.

Но, зелените алги P. starrii не спаѓаат во оваа категоризација. Тие исто така имаат бисексуален пол кој има машки и женски репродуктивни клетки. Научниците велат дека тоа е „нов хаплоиден систем на парење“, кој е целосно единствен за алгите.

Како половите клетки на алгите?

P.starrii формираат 32 или 64 истополови клеточни вегетативни колонии и имаат мали подвижни (машки) и големи неподвижни (женски) гамети. Тие ослободуваат сперматозоиди во животната средина кои содржат машки гамети, кои потоа бараат женска колонија. Бисексуалните P. starrii може да формираат машки и женски колонии и затоа може да се парат со машки, женски или бисексуални алги.

Научниците се особено заинтересирани за ова откритие бидејќи други слични алги имаат различни сексуални системи, што значи дека ова знаење може да ни помогне да разбереме како се случиле родовите промени во еволутивна смисла.

„Мешаните системи за парење, како што е системот со три пола, може да претставуваат преодна еволутивна состојба помеѓу дводомни (машки и женски) и еднодомни (само со  хермафродитни) системи за парење кај диплоидни организми“, велат истражувачите.

Посебен бисексуален ген

Биологот Хисајоши Нозаки од Универзитетот во Токио веќе триесет години собира примероци од алги од реката Сагами, а научниците во оваа студија користеа примероци земени од реката помеѓу 2007 и 2013 година.

Тие одделија колонии на алги и ги охрабруваа да се размножуваат сексуално, лишувајќи ги од хранливите материи. Откриле дека бисексуалните алги имаат ген „бисексуален фактор“, различен од претходно откриените машки и женски гени. Бисексуалните клетки имале и машки ген, но тие можеле да произведат и машки и женски потомци.

Студијата Three sex phenotypes in a haploid algal species give insights into the evolutionary transition to a self-compatible mating system е објавена во научното списание Evolution.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе