Откриени цврсти докази за древна оаза на Марс

Површината на Марс е ладна пустина, но пред милијарди години таму постоела оаза, вели новото истражување направено според откритијата на роверот Curiosity на НАСА. Останува една мистерија: имало ли живот?

Користејќи ги податоците од гореименуваниот ровер, научниците заклучија дека кратерот Гејл, кој е широк околу 154,5 километри и длабок 5,5, пред 3 и пол милијарди години бил полн со солена вода. Откритието овозможува поглед длабоко во историјата на Црвената планета, во време кога можеби Марс можел да има жив свет.

Создаден од удар на огромен астероид, кратерот Гејл е вистинска временска капсула на еден Марс што се менувал. Тоа е идеално место за истражување на предисториското минато на планетата.

Еден дел од кратерот,наречен Old Soaker, ги содржи можеби најјасните докази за постоењето на древна оаза, оставајќи траги од езерско дно со исушена, испукана кал. Научниците веруваат дека регионот минал низ периоди на влажност и суша пред конечно да дојде до денешната состојба.

Најдобро може да се замисли како изгледала оазата на Марс ако се погледнат некои места на Земјата со сличен геосостав. Тоа се солените езера на височините во Јужна Америка, поточно во Перу, Боливија, Чиле и Аргентина, кои по изглед би требало да бидат слични на тоа древно езеро на Марс.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе