Откриени нови археолошки локалитети во Охридското Езеро

Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид“ минатиот месец спроведе проект за подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро, насочен кон истражување локации од езерото за кои постоеја индиции за археолошки локалитети.

Истовремено преку проектот биле истражувани и поединечни наоди, дефинирани границите на потенцијалните архолошки локалитети, нивно позиционирање со помош на GPS уреди, но и откривање нови локалитети, со крајна цел нивно запишување во националниот регистар на културното наследство во РС Македонија.

Покрај рекогносцираните делови кај селата Пештани и Трпејца, посебно внимание е посветено на две локации во околината на локалитетот „Плоча Миќов град“, откриени при слободни нуркачки активности на членови од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.

Раководител на проектот, археологот и виш кустос Бојан Танески појаснува дека во првиот случај станува збор за три фрагментирани керамички садови за складишна употреба – питоси, лоцирани на длабочина од 45, 35 и 5 метри под површината на водата, а во вториот случај тоа е наод на градежна керамика, односно покривни тегули од лаконски тип, откриени на длабочина од 19,5 метри. Тегулите од лаконски тип биле во употреба во долг временски период низ антиката, но во конкретниов случај станува збор за тегули со потекло од доцната антика, за прв пат откриени во водите од Охридското Езеро. И во двата случаja, оддалеченоста на предметите на 70 до 100 метри од брегот на езерото, укажува на фактот дека истите биле транспортирани по вода со некаков пловен објект, а од засега непознати причини биле истоварени на овие места.

– Она рекогносцирање дава првична слика за она што се случува со овие локалитети и наоди, со што се добива појдовна точка во размислувањето за нивната иднина, која секако ќе опфаќа дополнителни археолошки истражувања, со крајна цел надополнувaње на сликата за животот во крајбрежниот појас од Охридското Езеро од праисторијата до денес“, вели Танески.

Според „Завод и музеј - Охрид“, проектот има и заштитен карактер, бидејќи со прогласувањето на локалитетите и поединечните наоди за културно наследство, истите ќе бидат заштитени од нелегални посети и активности.

Фото: Амфора

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Култура

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more
 

Вести

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе