Откриени стари снимки на кои шимпанза изговараат зборови

Научници пронајдоа стари јавни видеа од 60-тите на кои шимпанза во заробеништво го кажуваат зборот „мама“, што укажува на тоа дека нашите најблиски живи роднини можеби имаат нервна предиспозиција да зборуваат.

Експертите со децении претпоставуваа дека само луѓето можат да формираат значајни покомплицирани звуци. Но, когнитивниот научник Аксел Екстром од Кралскиот институт за технологија во Шведска и неговите колеги веруваат дека овој заклучок е заснован на лажни премиси.

Научниците проучувале стари снимки и пронашле две неповрзани шимпанза од различни континенти кои го кажуваат зборот „мама“, на кој наводно нивните негуватели ги научиле. Зборот „мама“ е можеби еден од првите во човечкиот говор. Имено, звукот „м“ е многу чест на човечките јазици и често е еден од првите звуци на човечко бебе.

Remote video URL

Заедно со резултатите од претходната студија во која Екстром анализираше аудиоснимка од 60-тите на трето шимпанзо што ги кажува зборовите „papa“ (тато) и „cup“ (чаша), наодите покажуваат дека шимпанзата се способни намерно да повторат барем некои зборови, пишува Science Alert.

Ова значи дека нашиот невролошки аудио-вокален систем, кој исто така еволуирал независно кај птиците песнопојки, може да биде многу постар отколку што се мислеше. Нашата лоза на примати последен пат имала заеднички предок со шимпанзата пред милиони години.

Иако шимпанзата обично претпочитаат гестови отколку звуци кога комуницираат едни со други, тие сепак користат различни вокализации. Покрај тоа, нивниот јазик заснован на гестови е структуриран исто како и нашиот вокален јазик. Гибоните исто така се познати по тоа што произведуваат повеќе од 20 различни звуци со различни значења.

Кога научниците спровеле експерименти врз мајмуни пред околу 50 години и ги истражувале нивните вокализации, тие ги држеле животните во неприродни услови и изолирани, поради што немале увид во вистинските способности на приматите.

„Големите мајмуни можат да произведат човечки зборови. Научниците, а не животните се виновни за тоа што не го знаевме ова пред половина век“, заклучил Екстром.

Истражувањето Chimpanzee utterances refute purported missing links for novel vocalizations and syllabic speech беше објавено во списанието Scientific Reports.

Тагови
реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Read more

Наука

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Read more

Германски научници оживеаја алги стари 7.000 години

Read more

Возбудливо откритие: Научниците за прв пат забележаа нова форма на кислород

Read more
 

Гик

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Читај повеќе

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Читај повеќе

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе

Кина размислува за изградба на нуклеарен центар на Месечината

Читај повеќе

Strava сега може да го предвиди финишот на трката

Читај повеќе
  • filter

OnePlus го претстави паметниот телефон 13T

Читај повеќе
  • filter

Вселенскиот телескоп Hubble го слави 35-тиот роденден

Читај повеќе

Данска гради тунел до Германија како од Lego коцки

Читај повеќе