„Отворањето на училиштата во Данска не го зголеми бројот на заразени со коронавирусот“, изјави епидемиолог од Данскиот иститут, повикувајќи се на новите податоци.
Данска беше прва од земјите која ги ублажи мерките на 15 април и тогаш децата се вратија на училиште.
„Резултатите покажуваат дека нема негативни ефекти од повторно отворање на училиштата“, рече Питер Андерсен за Reuters.