Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Отворен е конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство 2024.

ССНМ ги поканува сите новинари од Македонија кои имаат објавено истражувачки стории во текот на претходната календарска година да се пријават за ЕУ наградата за истражувачко новинарство. Наградата има за цел да ја подобри слободата на изразување, да го подржи владеењето на правото и да фрли светло на различни прашања кои влијаат на националните и регионалните случувања. Тоа може да вклучува организиран криминал, корупција, екстремизам, странски влијанија, прекршување на човековите права (вклучувајќи и во онлајн сферата), и други суштински прашања од јавен интерес.

Како дополнување на националните награди, втора година по ред ќе биде доделена и регионална награда за истражувачко новинарство. Регионалната награда има за цел да поддржи разработка на прашања од прекугранично значење и да адресира предизвици кои регионално влијание.

Годишниот награден фонд за Македонија изнесува 10.000 евра. Дополнително, наградниот фонд за регионалните награди изнесува исто така, 10.000 евра. Ќе бидат избрани три најдобри стории на национално, и три на регионално ниво, при што паричните награди изнесуваат по 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ место и 2.000 евра за трето место.

Секој кандидат може да пријави свои стории за националната, за регионалната или и за двете награди. Еден кандидат на конкурсот може да пријави најмногу три стории.

Жири-комисијата ја сочинуваат локални и меѓународни експерти, уредници, академици и искусни новинари, со цел да се обезбеди фер и строг процес на оценување. Оваа година членовите на жири-комисијата за националната награда ќе имаат ексклузивно право сториите кај кои ќе препознаат регионална вредност да ги предложат и за регионалната награда, дури и во случај тие стории при аплицирањето да не биле пријавени за тој конкурс. Доколку пријавените не освојат една од трите награди на националниот конкурс, сепак може да се натпреваруваат за регионалната награда доколку ги исполнуваат критериумите.

Конкурсот за ЕУ наградата за истражувачко новинарство 2024 го организира „Томсон Mедиа“, а спроведувач во Македонија е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), организации со децениско искуство во развој на медиумите, промоција на правата на новинарите и професионалното новинарство.

Како и минатата година, конкурсот е дел од проектот „Зајакнување на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција 2“, кој има за цел подобрување на видливоста на квалитетното новинарство во регионот.

Овој проект е финансиран од Европската Унија и е спроведуван од конзорциум кој го сочинуваат Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб, Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) – Унгарија, Асоцијацијата на новинари (АЈ) – Турција, Томсон Медиа (ТМ) – Германија, Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип (УГД) – Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – Македонија, Асоцијацијата на медиумите од Југоисточна Европа (МАСЕ) – Црна Гора и Балканската истражувачка репортерска мрежа Косово (БИРН Косово).

Рокот за поднесување апликации е 13 јуни 2024 до полноќ.

За повеќе детали за процесот, како и за потребните документи за аплицирање кликнете тука.

За дополнителни прашања пишете на електронската пошта: euawardmk@thomsonmedia.de.

Тагови
реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Култура

Програма на 15. Филозофски филмски фестивал: Проекција на филмови и разговор со Меријам Тафакори

Read more

Хуманитарна изведба на претставата Гласови од театар Чекори на Светскиот ден на театарот

Read more

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Read more

Отворен првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Read more
 

Вести

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Битолско

Читај повеќе

Разорен земјотрес го погоди Мјанмар

Читај повеќе

Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Читај повеќе

Путин: Трамп е сериозен за Гренланд, oвие планови имаат длабоки историски корени

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Одложен митингот на Вучиќ што требаше да биде „најголемиот во историјата на Србија“

Читај повеќе