Отворен повик за наградата Квир Македониум

Награда за творештво во областа на квир уметноста.

Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во соработка со Коалиција Маргини, ХЕРА и Еквалис, објавува за првпат отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ, Награда за творештво во областа на квир уметноста.

„Во рамки на овој повик за наградата, на квир уметноста не ѝ пристапуваме исклучиво врз основа на сексуалноста или родовиот идентитет на уметникот. Нашиот пристап на читање и интерпретација на уметничката продукција означена како квир вклучува поширок пристап“, велат организациите кои денеска го распишаа повикот за наградата.

Во повикот се нагласува дека се бараат дела и културно-уметнички практики кои:

  • Ги демистифицираат општествените норми, нормалноста, буржујската моралност и Западниот маскулинистички рационален субјект како историски ефекти на принудни и исклучувачки практики;
  • Му пристапуваат на родот и полот како на проблем наместо како на претпоставка и вечна природа;
  • Во сексуалноста гледаат можност за антагонистичко соочување со општествените и политички сценаријата на дисциплина и регулација на телата, и за предизвикување на идентитетските категории, а не како на универзална природна категорија по чијашто оска се хиерахизираат социјалните тела и животи;
  • Му пристапуваат на телото како отворена, динамична, и релациона материјалност, чиишто граници, површина и слоеви се предмет на постојано преговарање и трансформација, а не затворен и неисториски систем и судбина;
  • Ги разгледуваат комплексностите, заемните одредување и интерсекции на родот и сексуалноста со други категории на општетсвена и политичка опресија, исклучување и нееднаквост;
  • Ги очудуваат, изместуваат, трансформираат, и субверзивно употребуваат шемите и утврдени норми на чувствување и на емоционален однос со другите и светот;
  • Ги претставуваат низ критична перспектива искуствата на сексуалните и родовите малцинства; или
  • Квир пристапот го користат како методологија во својата уметничка работа при адресирање на социо-политички релевантни теми, односно методологија којашто е изведена од историите на квир политика, уметност или теорија.

Што нуди наградата?

Бруто износ од 1000 американски долари во денарска противредност.

Презентација на делото на фестивалот Скопје Прајд Викенд 2025 – Фестивалот за квир култура, уметност и теорија.

Продукциските трошоци за делото се покриени во рамки на доделените 1000 долари, а уметникот не треба да поднесува извештај за начинот на трошење на средствата.

Заинтересираните уметници можат да аплицираат со:

  • Предлог концепт за ново дело, или со
  • Продолжение и екстензија на постоечко дело
  • Портфолио од својата досегашна пракса

Описот на предлог проектот треба да биде не подолг од две страни (или 500-800 зборови), плус визуелен материјал (слика, цртеж, скица итн.), доколу предлог проектот го вклучува истиот.

Како ќе се избираат финалистите?

Тричлена комисија од експерти во областа на културата и уметноста ќе спроведе интервјуа со тројцата најдобри кандидати, и врз основа на приложените концепти и интервјуа, ќе го соопшти добитникот на наградата на отворен настан на 27.12.2024 година.

Критериуми за аплицирање:

Апликантите треба активно да делуваат во Северна Македонија во последните 1 до 3 години.

Охрабрени се уметници кои работат во полето на современата визуелна уметност, вклучувајќи сликарство, вајарство, графика, цртеж, инсталација, фотографија, интервенција во јавен простор, видео и перформанс.

Рок за аплицирање

Пријавувањето е отворено до 22.12.2024 година (полноќ). Апликациите се поднесуваат електронски на следната е-маил адреса: ljubomir.faizov@lgbti.mk.

Наградата се доделува во рамки на проектот „Пристап до правда и човекови права“, кој го спроведува Коалиција МАРГИНИ Скопје, а во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, ХЕРА и Еквалис, а е финансиран од страна на УСАИД.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Пет предупредувачки знаци дека јадете премногу јаглехидрати

Read more

Култура

Глумците пеат на сцената на МНТ

Read more

На сцената на Националната опера и балет ќе се изведат балетските едночинки Шехерезада и Валпургиска ноќ

Read more

Манаки прикажува: Бесплатни проекции на филмови на Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион

Read more

Христос се роди! – православните христијани денеска го празнуваат Божик

Read more
 

Вести

Над 1.000 затвореници се приклучуваат на напорите за гаснење пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Глумците пеат на сцената на МНТ

Читај повеќе

ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ и олигархијата врескаат за криминал, се обидуваат да прикријат етничка неправда

Читај повеќе

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Читај повеќе

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Читај повеќе

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Читај повеќе

Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Читај повеќе