Базенот кој се протега од еден станбен блок до друг, на повеќе од 35 метри над земјата и се смета за прв „лебдечки“ базен во светот, неодамна беше отворен во Лондон и во моментов се смета за една од најголемите атракции во градот.
Транспарентниот базен се протега на растојание од 14 метри помеѓу два луксузни станбени блока во југозападен Лондон.
Sky Pool беше отворен во средината на мај и може да го користат само жителите на зградата и нивните гости.
Двособен стан во овие луксузни згради чини повеќе од еден милион фунти, а изнајмувањето од 1.800 до 6.500 фунти месечно.
Дали би пливале во ваков транспарентен базен што виси во воздухот?